Серхио Бускетс ги игра последните месеци во дресот на Барселона, и идното лето многу веројатно ќе си замине од Ноу Камп. Претходно беше објавено дека Чави ќе се обиде да го премисли искусниот играч од средниот ред да не си замине, но тој е решен. Најверојатно следниот клуб на Бускетс ќе биде Интер Мајами.
Пред неколку денови се појави информација дека искусниот играч од средниот ред би можел да остане до 2024 година. Исто така имаше најави дека ќе го напушти тимот во јануари, но тоа нема да се случи.
Оваа сезона 34-годишниот Бускетс запиша 16 настапи за Барселона, и имаше една асистенција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА