Нема „СТОТКА“ за Пандев: Доби жолт во Вадуц, па ќе паузира со Гибралтар

ЕКИПА во Вадуц, Лихтенштајн

Владимир Булатовиќ

Капитенот Горан Пандев нема да го прослави јубилејот „100 натпревари во репрезентативниот дрес на Македонија“ на следниот натпревар против Гибралтар кој на 19. ноември го играме во Скопје.

Пандев во 49. минута од средбата на дуелот во Вадуц на кој Македонија игра против Лихтенштајн поради удар со лакт на противнички фудбалер заработи жолт картон. За него тоа е втор жолт картон во Лигата на нациите, па ќе мора да паузира на следниот натпревар… За 2018 година ќе остане на овие досега 99 одиграни натпревари во националниот дрес.

Се вчитува...