Олимпијакос вечерва ќе го пречека Панатинаикос во четвртиот меч од финалето во грчкиот плејф, дуел на кој триумф на „црвено-белите“ ќе значи и шампионска титула за овој тим.
Дисциплинците имаа полни раце работа по хаотичниот трет меч од финалната серија, откако Еван Фурние беше исклучен поради простачки гестикулации кон домашните навивачи, додека Кендрик Нан по мечот влезе во конфликт, па дури и физички нападна еден од судиите.
Двата клуба поднесоа пријави против клучните противнички кошаркари, а дисциплинската комисија по прегледувањето на спорните моменти на крајот се реши за „соломонско решение“ – да не ги санкционира со суспензии ниту Фурние ниту Нан.
„Фурние и Нан ќе можат да играат на четвртиот натпревар“, информираат грчките медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА