Раководството на Голден Стејт Вориорс одлучи да не го суспендира Дрејмонд Грин за нападот кон неговиот соиграч Џордан Пул. Тој се враќа во тимот во четврток, а се очекува и да настапи на претсезонскиот натпревар во петок против Денвер.
Оваа одлука ја соопшти тренерот Стив Кер кој по разговорите со двата кошаркари верува дека немил настан како овој нема да се повтори во иднина.
„Ова беше најголемата криза од кога стигнав во Голден Стејт. Имавме сериозен проблем. Ни една организација не е совршена, па ни нашата. Меѓутоа, мораме да продолжиме заедно за доброто на целиот тим. Одлучивме да нема казна бидејќи верувам дека ова нема да се повтори“, вели Кер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА