Нема уцени со Германците – Коман пред заминување од Минхен

Агентите на фудбалерите имаат огромно значење во модерниот фудбал, но некои граници едноставно не можат да ги пречекорат, поготово кога станува збор за преговори со Германците.

Имено, Баерн Минхен е пред прекин на соработката со Кингсли Коман откако агентот на Французинот, Пини Захави имал „астрономски“ барања за примањата на својот играч, пренесуваат германските медиуми.

Захави за годишната плата на Коман барал сума од 17 милиони евра, плата која ја добива Роберт Левандовски, односно дупло повеќе од тоа што Коман го заработуваше во редвоите на баварците досега.

Договорот на 24-годишникот со Баерн Минхен истекува во 2023 година па сеуште има простор за преговори, но ваквиот однос не го трпат Германците и покрај тоа што Французинот е еден од најдобрите играчи на неговата позиција.

Се вчитува...