Нема веќе „лесни“ противници – Хрватска поразена на гостувањето кај Финска

Финска успеа да го одбрани домашниот терен и да слави со 77-71 над Хрватска во второто коло од квалификациите за Свесткото првенство, ставајќи ги „коцкестите“ во неповолна позицијата по првиот ФИБА прозорец во кој поранешната југословенска држава запиша два порази.

Неизвесниот натпревар започна уште од самиот старт каде и покрај тоа што Финска имаше предност од пет поени (12-7), Хрватите успеаја да стигнат до позитива од 14-15 по 10. минути игра. Работите не се променија ни до полувремето, а Финците успеаја да ја анулираат негативата за 34-34 по 20. минути игра.

Финците го наметнаа своето темпо во второто полувреме кога стигнаа и до двоцифрена предност (53-43), но Хрватите не се предадоа. До крајот на третата четвртина успеаја да ја сведат негативата на 59-55, а потоа и да поведат со 69-70 во последните десет минути. Сепак домаќините ги консолидираа своите редови, а херјот на Финците беше Салин кој со тројка донесе недостижна предност од 75-71 при самиот крај на мечот.

Махуни беше првото име кај Финците со 15 поени и 5 асистенции, а него го следеше Хуф со 14 поени и 9 скока. Филип Бундовиќ беше предводник на Хрватска со 16 поени, додека како двоцифрени со по 10 мечот го завршија Бранковиќ, Перковиќ и Пркачин.

Се вчитува...