Немања Матиќ останува во Манчестер Јунајтед на долг рок

Српскиот репрезентативец Немања Матиќ и Манчестер Јунајтед договориле соработка за уште дополнителни две сезони. Новиот договор според уште непотврдените информации е до 2023 година. Претходно беше јасно дека Матиќ ќе биде во клубот и следната сезона откако Јунајтед ја активираше клаузулата за „дополнителна сезона“. Матиќ во Јунајтед дојде од Челси во 2017 година.

Последниов период со неговото име се шпекулираше за трансфер во Италија, земјата од каде имаше интерес од неколку клубови. Сепак, Србинот реши дека најдобрата опција е да остане на „Олд Трафорд“ и да е референтна точка во составот на Оле Гунар Солскјер.

 

 

Се вчитува...