Немања Прибак: Да не беше Михајло, Вардар ќе престанеше да постои…

Поранешниот капитен на Вардар, Немања Прибак, испрати низа комплименти на адреса на Михајло Михајловски поради големината што екс-претседателот ја покажа со враќањето на чело на клубот кога тоа му беше најтешко.

Поранешниот сопственик Сергеј Самсоненко со години не ги исполнуваше обврските кон ракометарите, долговите стануваа се поголеми, а Михајловски успеа да го стабилизира македонскиот ракометен гигант. Според Прибак, на оваа сезонава на Вардар никако не треба да се гледа како на неуспех без оглед на убедливата елиминација од Веспрем во осминафиналето од Лигата на Шампионите.

„Мислам дека ова беше добра сезона за Вардар, четири на пет, или пет на четири, како кога ве оценува учителката. Зошто? Па се променија многу работи, не една или две, туку премногу работи. Се смени управата, секретарот, сите комплет си заминаа. Го познавам Михајло и не верував дека ќе се врати назад во Вардар. И тогаш – се појави како апсолутен спасител. Да не беше тој, Вардар ќе згаснеше, ќе престанеше да постои. Михајловски ја преззеде одговроноста, најде што можеше да се најде на пазарот, состави солиден тим. Ова беше неблагодарна сезона, и за него и за тренерот. Испаднаа од Веспрем во ЛШ, но го освоија првенсството и купот крај силниот тим на Еурофарм. Зошто оваа сезона не би била добра за Вардар“, изјави Прибак за „Балкан хендбол“.

Се вчитува...