Немир во Манчестер: Матиќ на сред натпревар го оттурна Фернандеш (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед се пласираше во полуфиналето од Купот на Англија со победа од 2-0 над Евертон. „Црвените ѓаволи“ доминираа во првите 20 минути од средбата, но не успеаја да постигне гол на почетокот на натпреварот.

Промашените прилики резултираа со караница помеѓу Немања Матиќ и Бруно Фернандеш во која Србинот го оттурна Португалецот, а потоа продолжи да вика и кон Солскјер и остатокот од екипата.

 

Ова не е прв пат Фернандеш да влезе во конфликт со соиграч. Претходно на дуелот против Севилја во полуфиналето од Лига Европа по примениот гол имаше „дуел“ и со Виктор Линделоф.

Се вчитува...