Македонската кошаркарска репрезентација се врати од Црна Гора и ги продолжи подготовките за престојните претквалификации за Евробаскетот 2025 во главниот град. А, во СЦ „Борис Трајковски“ добија и засилување со приклучувањето на Ненад Димитријевиќ.
Новиот кошаркар на Уникс Казањ ги заврши обврските поврзани со преселбата во Русија и од денеска му е на располагање на селекторот Александар Јончевски. Сега се очекува уште приклучувањето на Кристијан Николов кој сеуште има обврски кон новиот клуб, турксиот Коњаспор.
Како потсетување, во првиот прозорец на ФИБА, македонската кошаркарска репрезентација силите ќе си ги одмери со Данска на 25. август на гостински терен и 28. август против Словачка во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА