Нено и Уникс им се вратија на победите во ВТБ лигата

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ и неговиот Уникс Казањ ја прекинаа серијата од три порази во низа во руската ВТБ лига откако денеска на домашен терен славеа над Москва со …

Кошаркарите на Уникс одлично го отворија натпреварот и по првата четвртина веќе имаа двоцифрена предност од 18-8. До крајот на полувреме успеаја да ја задржат предноста и на пауза да заминат со плус девет (34-25).

До крајот само рутински го приведоа мечот за конечни 73-58. Димитријевиќ немаше баш најдобар шутерски ден па мечот го заврши со седум поени, но одлично ги разигруваше соиграчите и успеа да стигне до десет асистенции.

 

Се вчитува...