Нено и Уникс Казањ победнички ја стартуваа 2023 во ВТБ

Македонскиот кошаркарски интернационалец, Ненад Димитријевиќ и неговиот Уникс Казањ на победнички начин ја стартуваа новата 2023 година во руската ВТБ лига.

Уникс во 19. коло од ВТБ лигата славеше на домашен терен над МВБ Москва со 74-66. Иако имаа слаб шутерски ден домаќините, во второто полувреме разликата во квалитет дојде до израз и на крајот стигнаа до нов триумф.

Ненад Димитријевиќ натпреварот го заврши само со четири поени, а запиша и уште две асистенции и два скока.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...