Неочекуван херој на Голден стејт против Јута

Голден стејт со многу среќа стигна до триумф на тешкото гостување во Солт лејк сити против Јута џез, каде „воините“ триумфираа со минимални 123-124. Херој сосема неочекувано беше Јонас Јеребко, шведскиот интернационалец кој летово дојде во Голден стејт токму од Јута, постигнувајќи ги клучните поени со звукот на сирената, по офанзивен скок по промашувањето на Кевин Дурант.

Токму Дурант беше најдобар стрелец на актуелниот првак со 38 поени, седум повеќе од Стеф Кари.

Њу Орлеанс со извонредна игра во нападот го совлада Сакраменто, постигнувајќи дури 149 поени (149-129). Никола Миротиќ беше предводник со 36 поени, додека Дејвис оствари дабл-дабл од 25 поени и 10 скокови.

Бруклин славеше со 107-105 во соседското дерби против Њујорк никс. Леверт беше најефикасен во победникот тим со 28 поени, додека кај Њујорк по 29 поени постигнаа Хардавеј џуниор и Енес Кантер.

Резултати НБА:

Орландо – Шарлот 88-120, Бруклин – Њујорк 107-105, Торонто – Бостон 113-103, Мемфис – Атланта 131-117, Минесота – Кливленд 131-123, Њу Орлеанс – Сакраменто 149-129, Милвоки – Индијана 118-101, Јута – Голден стејт 123-124, ЛА клиперс – Оклахома сити 108-92.

Се вчитува...