Барселона се соочува со неочекуван проблем откако Шпанскиот суд ја прифати жалбата на Ла Лига околу спорната регистрација на Гави како игра на сениорскиот тим на каталонскиот гигант.
Каталонците го депонираа договорот што го имаа со Гави за од младински да го пререгистрираат во сениорски фудбалер, по што тој ја зеде и „шестката“ на грбот, а и почна да заработува пари според новиот потпишан договор. Сепак, судот по разгледување на доказите утврди дека Барса ја немале неопходната документација, за да може да го регистрира фудбалскиот бисер како сениор, пред се поради фактот дека тој не влегува во „селари капот“ што секако беше исполнет до крај по бројните летни трансфери на Барселона.
Со најновата одлука, Гави повторно е пререгистриран во младински фудбалер од школата на Барса, со оглед дека новиот договор е прогласен за невалиден. Тој ќе може без проблем да настапува за Барселона како што тоа го правеше и во првиот дел од сезоната, но главоболка за каталонците претставува фактот дека оној стар договор на Гави истекува во јуни 2023 година. Практично, доколку младиот плејмејкер реши да си замине, тој може уште сега да потпише преддоговор со нов клуб, а потоа во јуни без никаква отштета да си замине од „Камп Ноу“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА