Бруно Фернандеш викендов го сруши рекордот во Премиерлигата по број на асистенции во една сезона.
Сепак, голем број навивачи се убедени дека неговата асистенција не требаше да биде евидентирана на вчерашниот натпревар против Брајтон.
Португалецот беше прогласен за најкориснот играч на сезоната во Премиерлигата, а откако асистираше на Олд Трафорд против Нотингем Форест, се израмни со Анри и Де Брујне со по 20 асистенции.
Манчестер Јунајтед вчера победи со 0-3 на гостински терен, а Фернандеш успеа да запише уште една асистенција.
Доргу го постигна првиот гол со глава по корнерот на Фернандеш и тогаш беше срушен рекордот.
„Одлично е, многу сум среќен за ова. Момент на гордост, нешто за кое не би сонувал да не бев дошол толку блиску“, рече Фернандеш.
Сепак, по прецизен прглед на видеото, многумина тврдат дека не требало да му се даде оваа асистенција.
🚨 𝗡𝗘𝗪: A video currently going viral on social media appears to show that Patrick Dorgu’s goal may actually go down as an own goal.
The footage suggests the ball hit the crossbar before going in off Bart Verbruggen’s hand.
If confirmed, this could mean that Bruno Fernandes… pic.twitter.com/ZCDuGLDxqp
— The Touchline | 𝐓 (@TouchlineX) May 24, 2026
Причината е затоа што ударот на Доргу оди во гредата, а потоа топката се одбила од голманот во голот. Според правилата, многумина тврдат дека тоа треба да биде автогол од голманот на Брајтон, Барт Вербруген.
Па, асистенцијата нема да биде запишана за Фернандш и неговиот рекорд ќе биде поништен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
