Неочекувана „снежна подготовка“ за Дарко Велковски пред Летонија… (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Дарко Велковски имаше вчера во Хрватска неочекувана „снежна подготовка“ за тоа што го очекува од денеска на репрезентативниот собир и подготовките за стартот на квалификациите за ЕП 2020 против Летонија.

Велковски заедно со соиграчите од Ријека, Иван Томечак и Дарио Жупариќ, вчера по победата на гостувањето против Осијек во хрватското првенство со автомобили се упатиле за Загреб каде ги затекна и непосакувано снежно невреме. Но, проблеми за тројката на Ријека очигледно немаше затоа што Томечак и Велковски и тоа како помогнаа на својот колега да го извлече скапоценото Ауди од снегот и да продолжат кон Загреб… А од Загреб, Дарко Велковски денеска се појави на репрезентативниот собир на Игор Ангеловски….

Се вчитува...