Непребол: Голманот на Е. Пелистер ја посвети титулата на починатиот хрватски фудбалер (фото)

Филип Ивиќ уживаше во прославата на шампионската титула со Е. Пелистер до раните утрински часови, по враќањето на „пелистерци“ назад во Битола и драматичната победа над Вардар во СЦ „Јане Сандански“.

Одличниот хрватски голман денеска титулата ја посвети на Никола Покривач, поранешниот хрватски фудбалски репрезентативец кој минатиот месец го загуби животот во сообраќајна несреќа во татковината.

„Фалиш, друже мој“, напиша Ивиќ на својот инстаграм-профил, крај фотографија од хрватскиот репрезентативен дрес на Покривач и шампионскиот медал на Е. Пелистер.

Се вчитува...