Екипата на Наполи потврди дека повредата на својот играч Кевин де Бруине е сериозна, и дека ќе го нема неколку месеци, притоа не прецизирајќи кога точно може да се очекува негово враќање на терените.
Белгиецот се повреди на мечот со Интер, откако постигна гол, и потоа мораше да биде заменет. Прегледите покажаа оштетување на мускулот на десниот бут.
За Де Бруине е сигурно дека нема да игра до крајот на годината, а би требало да се врати некаде во февруари, ако се покажат точни првите прогнози.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

