Нереди во Дизелдорф по поразот на Мароко, повредени тројца полицајци

Тројца полицајци се повредени во немирите што избувнаа во Диселдорф откако фудбалската репрезентација на Мароко загуби со 2-0 од Франција во четвртфиналето на Светското првенство, соопшти германската полиција.

Според полицијата, околу 1.500 навивачи се собрале во близина на главната железничка станица, каде што атмосферата станала насилна по натпреварот, пренесува „Тагешау“.

Маскирани лица фрлаа петарди, стаклени шишиња и ракети, а беа употребени и импровизирани молотови коктели. Учесниците во немирите ги кршеа сообраќајните знаци и превртуваа контејнери за ѓубре, поради што голем број полицајци интервенираа. Тројца полицајци беа повредени за време на немирите, од кои еден беше хоспитализиран и моментално е неспособен за должност.

Се вчитува...