Авантурата на Пол Погба како член на Монако ќе заврши неславно, откако поранешната ѕвезда на Манчестер јунајтед и Јувентус заработи нова повреда, по која клубот реши да го раскине договорот со него.
Погба во јуни 2025 година потпиша двогодишен договор со Монако откако ја одлежа суспензијата по позитивниот допинг-тест, но Французинот никогаш не успеа да се врати во препознатливата форма.
Откако работеше напорно летово тој се надеваше на посериозна минутажа кај новиот тренер Филипе, но најновата повреда само ја прели чашата со незадоволство кај управата на Монако. „Кнезовите“ веќе го известиле Погба дека договорот ќе му биде раскинат, неговиот агент ја почнал потрагата по нов клуб, а во меѓувреме ќе бидат дефинирани условите околу отпремнината што Монако ќе му ја исплати на фудбалерот за преостанатата година од договорот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
