Неславен крај на Јаја Туре: Црвен картон за десет секунди

Јаја Туре имаше неславен крај на својата авантура во Кина откако доби црвен картон по само 10 секунди игра на последниот меч во дресот на Квингдао.

Поранешниот ас на Барселона и Манчестер Сити на самиот почеток удри противнички фудбалер без топка, а по прегледување на снимката со ВАР му беше покажан патот кон соблекувалните.

Некогаш најдобриот африкански фудбалер со право беше разочаран, со оглед на фактот дека ова најверојатно е и последен меч во неговата кариера.

Квингдао го загуби мечот со 2-1, но овој тим сепак успеа да обезбеди влез во елитното друштво освојувајќи го првото место на табелата. Јаја Туре му се приклучи на овој тим во јули, одигра 14 натпревари и постигна два гола и три асистенции во дресот на Квингдао.

Се вчитува...