Неславен крај: Тешка повреда на Златан Ибрахимовиќ!

Златан Ибрахимовиќ заработил тешка повреда на денешниот тренинг на Милан, по што се стравува дека може да биде означен предвремен крај на кариерата на легендарниот голгетер. Швеѓанецот почна со тренинзи во „Миланело“ откако претходно повеќе од еден месец тренираше во татковината со Хамарби, но денешниот тренинг се покажал кобен за одличниот напаѓач.

Италијанските медиуми тврдат дека тој се фатил за ногата и морал на носилки да биде изнесен, а „росонерите“ стравуваат дека станува збор за повреда на тетивата. Со оглед на фактот дека станува збор за една од најтешките спортски повреди, би следела пауза од најмалку шест до девет месеци, што би значело дека Ибрахимовиќ нема да може да ја продолжи кариерата.

Тој размислуваше дали да остане во Милано, но беше решен да одигра уште една сезона, како опција се споменуваа Болоња и Хамарби, но доколку се остварат црните лекарски прогнози, Златан ќе има неславен крај на својата блескава кариера.

Се вчитува...