Несопирливиот Јокиќ донесе нов триумф за Денвер, Лејкерс без Леброн и Дејвис се само просечен тим (ВИДЕО)

Неверојатниот Никола Јокиќ го водеше Денвер Нагетс до нова победа сезонава, овој пат на гости кај Орландо Меџик од 99-110. Србинот го забележа 12. трипл-дабл сезонава откако натпреварот го заврши со 28 поени, 15 скока и 10 асистенции. Кај поразените Еван Фурние постигна 31 поен.

ЛА Лејкерс без Леброн Џејмс и Ентони Дејвис забележа нов пораз, откако беше поразен од Њу Орлеанс Пеликанс со 128-111. Инграм со 36 и Зајон Вилијамсон со 27 поени беа најефикасни кај Пеликанс, додека кај Лејкерс Монтрезл Херел постигна 18 поени.

 

Во останатите мечеви од синоќешната понуда, Њујорк – Вашингтон 131-113, Мајами – Феникс 100-111, Голден Стејт – Филаделфија 98-108 и Портланд – Бруклин 112-116.

Се вчитува...