Несторовски го откачи Берлускони, не сака во Монца

Илија Несторовски е решен да се докаже во дресот на Удинезе и не размислува за заминување од „Фриули“. Македонецот летово се најде на листата со желби на Монца, клуб каде сопственик е Силвио Берлускони, а прв оперативец е екс-директорот на Милан, Адријано Галијани. Италијанските медиуми тврдат дека Монца испратила сериозна понуда за македонскиот голгетер, но преговорите траеле премногу кратко поради желбата на Несторовски да остане во Удинезе.

„Несторовски речиси сигурно ќе остане во Удинезе, како прва резерва во нападот на овој тим. Тој беше баран од Монца, но повеќе сакаше да остане во првата лига и да ја чека својата шанса во Удинезе“, пишуваат медиумите на Апенинскиот полуостров.

Македонскиот голгетер во првата сезона во дресот на „фриулијаните“ одигра 28 средби за овој клуб, постигнувајќи три погодоци, на натпреварите со Сампдорија, Рома и со Јувентус.

Се вчитува...