Несторовски и Трајковски меѓу првите на собирот на А-репрезентацијата во Анталија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски, од денеска има на располагање поголем дел од фудбалерите кои ги повика на собирот во пресрет на пријателските натпревари против Финска (23.март) и против Азербејџан (27.март) кои ќе се одиграат во Анталија. Собирот е директно во хотелот „Глорија“ во турскиот туристички центар, кој ќе биде база на нашиот национален тим во наредните десетина денови.

На располагање на Амгеловски му се стави тандемот на Палермо, Илија Несторовски и Александар Трајковски, иако клубот се обиде да добие дозвола за да бидат ослободени. Сепак, ова е официјален термин на ФИФА и единствена можност за репрезентацијата на Македонија да се подготвува во пресрет на стартот на Лигата на нации.

Капитенот Горан Пандев вечерва со својот тим Џенова ќе гостува во Неапол, а во текот на утрешниот ден ќе пристигне во Анталија, исто како и дел од фудбалерите кои имаат денеска клупски обврски.

Се вчитува...