Несторовски конечно стартер, но без голови на „Фриули“

Илија Несторовски се врати во првиот тим на Удинезе за денешниот дуел со Фиорентина, што по голема битка заврши без постигнати погодоци.

На празниот стадион „Фриули“ имаше премалку фудбалски потези за уживање, двата тима поголемо внимание насочуваа кон сопствениот отколку кон противничкиот гол, а таквиот пристап придонесе мечот да заврши 0-0. Несторовски остана на теренот до 62. минута, кога беше заменет со Ласања, а македонскиот напаѓач доби жолт картон во 18. минута.

За Удинезе ова беше четврто реми во низа во Калчо-лигата, со што тимот на Несторовски сега се наоѓа на само три бода од зоната за испаѓање.

Се вчитува...