Несторовски: На 90 минути сме од ЕП, срцето и желбата ќе го одлучат победникот а не тактиката!

Офанзивецот на Удинезе, Илија Несторовски е сигурен дека секој поединец ќе го даде максимумот во Тбилиси на мечот против Грузија за пласман на толку посакуваното Европско првенство следната година.

„Конечно сме пред тој историски натпревар кој го чекаме долги години. Знаеме што не чека и може само едногласно сите заедно да ветиме дека ќе го дадеме максимумот за да се пласираме на Европско првенство“ – истакна Несторовски по денешното приклучување на репрезентативниот собир, притоа дополнувајќи:

„Да бидеме искрени, не чека финале во Лигата на нации, еден натпревар и 90 минути на пат до Европско првенство. На еден таков натпревар нема многу тактики, ќе одлучат само срцето и желбата за успех. Добро ги знаеме Грузијците, и нивните добри и нивните лоши страни, но наредниве денови ќе работиме максимално на тренинзите па сигурен сум дека подготвени ќе го дочекаме натпреварот во Тбилиси“.

Се вчитува...