Несторовски: Не можев да спијам од нервоза додека бев повреден

Илија Несторовски имаше извонреден камбек на терените откако влезе во игра на дуелот Палермо – Бреша и само неколку минути подоцна постигна гол за водство од 1-0. Сицилијанците примија гол во судиското продолжение и мечот заврши без победник, но Несторовски не крие дека е пресреќен што конечно се врати на фудбалските терени.

„Немавме среќа, вистинска штета бидејќи бевме толку блиску до победата. Лично гледано, среќен сум што повторно се појавив на теренот. Многу ми недостигаше играњето фудбал, не можев да спијам од нервоза бидејќи не можев да им помогнам на соиграчите, сега сето тоа е минато“ – изјави Несторовски.

Сицилијанскиот клуб игра во променлива форма на стартот од 2019 година, а една од причините сигурно се и финансиските проблеми кои придонесоа во последните месеци два пати да бидат менувани сопствениците на Палермо.

„Веруваме во управата, но наша работа е да играме на терен, да победуваме и да се вратиме во првата лига. За тоа да се случи неопходна ни е помош од навивачите и благодарен сум им за поддршката што ни ја даваат“ – порачува македонскиот голгетер во тимот на Палермо.

Се вчитува...