Несторовски пред промоција во Венеција!?

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски е блиску до трансфер во редовите на италијанскиот второлигаш Венеција.

Како што пренесе италијанскиот новинар Џанлука Ди Марсио, Несторовски и Венеција веќе се пред договор за соработката следната сезона во Серија Б.

Тренерот на Венеција, Паоло Ваноли во нападот го има Финецот Јоел Похјанпало, но сака нов искусен напаѓач кој ќе го освежи наппадот.

Несторовски од 2019 година беше дел од Удинезе, лани во Серија А запиша 21 настап и два голови против Салернитана и Наполи. Претходно во својата кариера настапуваше и за прилепска Победа и Металург во Македонија, Словачко, Викторија Жижков, хрватски Интер Запрешиќ и Палермо.

Се вчитува...