Несторовски промаши пенал, Палермо освои бод

Македонскиот фудбалски репрезентативец Илија Несторовски не успеа да реализира пенал за Палермо на гостувањето против Венеција. Тимот за кој настапува и Александар Трајковски ремизираше (1-1) на овој дуел и со 46 бода се наоѓа на втората позиција во Серија Б.

Венеција поведе со голот на Бокалон во 39.минута, Несторовски не успеа да израмни од пенал во 71.минута, откако неговиот удар го одбрани голманот Викарио, но Пушкаш донесе бод за Палермо во 84.минута.

Се вчитува...