Несторовски: Против Гибралтар ќе победиме за Пандев!

ЕКИПА во Вадуц, Лихтенштајн

Владимир Булатовиќ

Офанзивецот на Палермо, Илија Несторовски како што најави и пред мечот конечно со погодок во националниот дрес. Во финишот ја запечати победата против Лихтенштајн со која сме на добар пат да го завериме првото место во групата од Лигата на нациите.

Несторовски е задоволен од планираниот триумф против Лихтенштајн, потенцирајќи дека сега против Гибралтар во понеделник во Скопје ќе се оди на триумф за Горан Пандев…

„Беше навистина тешко со Лихтенштајн се додека не ги „отворивме“. Но, на крајот заслужено победивме и знаеме дека со триумф на последниот меч сме први во групата, па ќе бидеме домаќини во полуфиналето на Лигата на нации. Против Гибралтар ќе бидеме ослабени затоа што ќе играме без Горан Пандев, без него секогаш е потешко, но се надевам дека ќе победиме во негова чест и ќе обезбедиме за него место во плеј-офот за пласман на ЕП“ – изјави Несторовски.

Се вчитува...