Несторовски: Сакаме да ја продолжиме позитивната низа на националниот тим

Фудбалската репрезентација на Македонија ги финишира подготовките во пресрет на утрешниот пријателски натпревар против Финска, кој ќе се одигра на „Глорија арена“ во турски Белек, со почеток во 17 часот по македонско време. Нашата репрезентација веќе четири дена е во Анталија и ќе се обиде да ја продолжи позитивната серија. Ангеловски и неговите избраници немаат пораз на пет меча во низа, а овие два дуели ќе бидат добра подготовка за премиерното издание на Лигата на Нации, кое почнува во септември.

Напаѓачот на Палермо, Илија Несторовски, вели дека максимално сериозно се одработуваат подготовките и верува во нова победа на Македонија.

„Тренираме максимално, имаме одлични услови за работа во изминатите четири дена. Финска е квалитетна селекција и ја сфаќаме сериозно. Ги анализиравме нивните добри и помалку квалитетни страни и верувам дека со победа ќе ја подобриме одличната атмосфера во нашиот табор. Тоа секако ќе ни биде дополнителен мотив и за дуелот против Азербејџан“, вели Несторовски.

Се вчитува...