Несторовски сo прв настап пред домашната публика, Асколи поразен од Палермо

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски дебитираше пред домашните фанови со пораз, и тоа од неговиот поранешен клуб Палермо. На домашен терен Асколи беше поразен со 0-1, со гол во судиското надополнување во финишот.

Илија Несторовски ја почна средбата од клупата, а влезе во игра во 56. минута.

Несторовски пред десетина дена потпиша за Асколи како слободен агент, откако му истече договорот со Удинезе и истиот не му беше продолжен. Потоа се најде и на списокот на дуелите со Италија и со Малта, меѓутоа не доби шанса за настап.

Се вчитува...