Несторовски ветува: Палермо, ќе те внесам во Серија А

Илија Несторовски е блиску до камбек по незгодната повреда, а македонскиот ас јасно стави до знаење дека нема намера да си замине од Палермо среде сезона. Напротив, негова цел е да остане во сицилијанскиот клуб и да помогне во остварувањето на зацртаната цел – враќање во елитното италијанско фудбалско друштво.

„Веќе реков, останувам во Палермо за да го внесам мојот тим во првата лига. Првиот дел од сезоната беше добар, играме убав фудбал, први сме на табелата. Силата ни е во колективот, заедно се бориме за да ги надминеме проблемите“ – истакна Несторовски.

Македонецот е задолжен за голови, но сезонава само шест пати се запиша меѓу стрелците за својот тим.

„Шест гола на 12 средби? И кога давав најмногу голови за Палермо секогаш велев, не е важно кој е стрелец, туку само нашиот тим да победува. Истиот став го имам и сега, само да продолжиме да собираме бодови, најмалку важно е кој ги дава головите. Лани паднавме на последната пречка во баражот, решени сме овојпат да не дозволиме такво нешто, туку веќе во регуларниот дел од сезоната да го обезбедиме влезот во елитата“ – порачува Илија Несторовски.

 

Се вчитува...