„Несудениот“ Македонец ќе го менува Николов во ФЦСБ

Бобан Николов е веќе на излезна врата од романскиот тим ФЦСБ (поранешна Стеауа), а на негово место би можел да дојде „несудениот“ Македонец Дамјан Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ во Романија доаѓа од Ал-Раед од Саудиска Арабија, и ја прифати понудата да биде дел од романскиот тим, а засега добива пофални зборови од страна на тренерот Николае Дика.

„Тој е многу добар фудбалер. Добивме искуство и сигурност во средниот ред“, коментираше Дика.

Николов по една сезона го напушта тимот на ФЦСБ, а во последните шест месеци не беше во комбинација за настап. Ѓоковиќ е фудбалер кој е роден во Хрватска. Во 2017 година се одлучува да игра за Македонија, и доби повик за пријателскиот меч со Белорусија. Меѓутоа не успеа да добие македонски пасош, па никогаш не ни заигра за нашата селекција, иако имаше желба.

„Одбрав да играм за Македонија“, кажа тогаш Ѓоковиќ, а целиот текст може да го прочитате на следниот ЛИНК.

Се вчитува...