Неверојатан подвиг на Јанис, ита кон рекордот на Карим Абдул-Џабар!? (ВИДЕО)

Милвоки запиша седум победи во последните девет натпревари во НБА-лигата предводени од извонредниот Јанис Антетукомбо.

Милвоки синоќа славеше против Сакраменто со 126-113, а Гркот постигна 35 поени со што се запиша во историјата стигнувајќи до осмиот натпревар по ред на кој постигнува најмалку 30 поени. Тоа е втор најдобар ефект во историјата на Милвоки. А, доколку сака да го достигне апсолутниот рекорд во НБА тогаш го очекуваат уште осум меча, затоа што Карим Абдул-Џабар во 1972 година реализираше низа од дури 16 едноподруго меча со постигнати најмалку 30 поени.

Јанис сезонава има просечно по 32 поени по натпревар, дополнети со 5,6 асистенции и 11,1 скока по натпревар. Со ефект од 21 победа и пет порази, Милвоки во моментов се на второто место во Источната конференција, веднаш зад Бостон селтикс.

 

Бостон во дербито на вечерта славеше против Феникс со 125-98 со одлична партија на Браун и Татум кои постигнаа по 25 поени. Торонто со 126-113 славеше против ЛА Лејкерс, а брилјираа Сиакам со 25 поени и 10 скока и ВанФлит со 25 поени.

Чикаго победи со Вашингтон со 115-111, предводени од ДеРозан со 27 поени, а Никола Вучевиќ мечот го заврши со 25 поени и 11 скока. Голден стејт загуби од Јута со 124-123, а Њу Орлеанс триумфираше со Детроит со 104-98 предводен од Зион Вилијамсон со 29 поени и 10 скока. Минесота ја победи Индијана со 121-115, а Мемфис триумфираше над Оклахома со 123-102. Њујорк беше подобар од Атланта со 113-89, а Орландо триумфираше по продолжение над ЛА Клиперс со 116-111. Бруклин со 122-116 го победи Шарлот.

Се вчитува...