Неверојатен кош на Лука Дончиќ кој ретко се гледа (ВИДЕО)

Далас Маверикс ја одбележа изминатата вечер во подготовките за новата сезона во НБА лигата откако славеше со преубедливи 127-59 против Шарлот Харнетс. Со триумфот од 68 поени разлика тимот од Тексас ја постави најголемата победа во претсезоната, а воедно го изедначи и рекордот на Петроит за најубедлива победа во историјата на лигата.

Кошаркарите на гостинскиот тим беа спектакуларни, а дека се им одеше од рака кажува и неверојатниот кош на Лука Дончиќ. Словенецот во првата четвртина при контра напад ја фати топката по прекршокот над неговиот соиграч и ја фрли во висок лак, а откако две секунди ја немаше во кадарот истата се протна низ мрежичката. За жал овој кош не важеше.

Се вчитува...