Неверојатен меч на „Олд Трафорд“: Јунајтед ја „збриша“ Рома со пет гола за 30 минути…, Вилјареал со предност против Арсенал (ВИДЕО)

Извонреден прв натпревар одиграа Манчестер јунајтед и Рома во полуфиналето од Лига Европа, кој на крај со пресврт им припадна на „црвените ѓаволи“. Вилјареал, пак, во второто полуфинале славеше со 2-1 на домашен терен против Арсенал.

На мечот на „Олд Трафорд“, Јунајтед славеше со 6-2, откако „волчицата“ имаше предност од 1-2 на полувремето. Бруно Фернандеш во 9. минута донесе предност за Манчестер јунајтед, но Пелегрини и Џеко со головите во 15. и во 34. минута донесоа пресврт од 1-2.

Сепак, во второто полувреме беспрекорно издание на Јунајтед. Кавани со два гола во 48. и во 64. минута донесе 3-2.

А, потоа Бруно Фернандеш од пенал во 71. минута донесе 4-2, Погба во 75. минута зголеми на 5-2, а Гринвуд во 86. минута заокружи на 6-2.

Вилјареал имаше предност од 2-0 против Арсенал со головите на Тригерос во 5. минута и Албиол во 29. минута.

Но, Пепе од пенал во 73. минута постигна гол за „топчиите“ и надеж пред реваншот за пласман во финалето од Лигата на Европа.

Се вчитува...