Неверојатен меч: Тензии, прекин, пресврти, голеада… и Милан со гол во 93. минута го победи Удинезе (ВИДЕО)

Неверојатен натпревар одиграа Удинезе и Милан во 21. коло од Серија А. Во натпревар со многу тензии, серија голови, три пресврти но и прекин поради расистички навреди, на крај Милан иако беше пред пораз со гол во 93. минута слевеше со 2-3 во Удине.

По прекинот на почетокот од мечот поради револтот на голманот на гостите Мањан поради расистички навреди кон него од трибините, Милан прв дојде до предност со голот на Лофтус-Чик во 31. минута од средбата.

Сепак, Самарџиќ во 42. минута постигна прекрасен гол за израмнување на 1-1.

Во второто полувреме Удинезе поведе со голот на Таувин во 62. минута, но Јовиќ израмни за гостите со голот во 83. минута.

Кога се чинеше дека на крај двете екипи ќе ги поделат бодовите, Окафор со голот во 93. минута донесе победа за „миланезите“.

Милан е трет на табелата во Серија А со четири бода помалку од второпласираниот Јувентус и шест бода минус во однос на првопласираниот Интер, кои имаат и по натпревар помалку.

Се вчитува...