Неверојатен пад на Унион Берлин: Од ЛШ до опстанок… 11 порази по ред

Унион Берлин важеше за вистински хит во минатата сезона. Додека онаа славна Херта испадна од Лигата, другата, „помалата“ успеа да се искачи на четвртото место, и да обезбеди првпат историско учество во Лигата на шампионите.

Откако го направи тој подвиг, тимот тргна да носи проверени играчи, за да направи уште еден успех, но и добро да се престави во Лигата на шампионите. Но, од тоа нема ништо.

После денешниот пораз во 1/16 финалето на Купот на Германија, Унион го запиша и 11 пораз по ред во сите натпреварувања. Низата на порази трае од 3. септември, кога изгуби од Лајпциг во Бундеслигата. Следуваа уште шест лигашки порази од Волфсбург, Хофенхајм, Борусија Дортмунд, Штутгарт и Вердер, и три во Лигата на шампионите од Реал Мадрид, Брага и Наполи, а на сето тоа се надоврза и поразот во Купот.

Од Лигата на шампионите, овој тим го чека жестока битка за опстанок.

Се вчитува...