Неверојатен пресврт во случајот „Суарез – Барселона“

Луис Суарез беше само на чекор од трансфер во Јувентус, но сосема неочекувано следеше пресврт и негово останување во Барселона,

33-годишниот Уругваец ги договори сите услови со торинскиот тим, но бидејќи од Барселона бараше да му се исплати плата за следната сезона како би заминал, разделбата не се случи. Па, Суарез сега останува на „Камп ноу“.

Неверојатен пресврт се случува во моментов во каталонскиот тим, па Суарез, како што пренесуваат шпанските медиуми, е сега кандидат за почетниот состав на Роналд Куман кој смета дека тој треба да биде првиот избор во нападот.

Како што е познато, Суарез беше отпишан од страна на клубот, но сега и дефинитивно останува како друштво на Лионел Меси до крајот на сезоната. Тој е од 2014 година во Барса, во 283 официјални натпревари постигнувајќи и 198 гола.

Се вчитува...