Неверојатен пресврт во Фиренца: Рома со два примени гола во последните минути си ја загрози Лига Европа (ВИДЕО)

Неверојатен пораз на Рома на гостувањето против Фиорентина со два примени гола буквално во последните секунди од средбата во 37. коло од Серија А.

По овој пораз Рома сега под знак прашалник си го доведе местото во Лигата на Европа за следната сезона, сега само со бод предност во однос на Јувентус, но и натпревар повеќе.

„Волчицата“ имаше предност со голот на Ел Шарави уште од 11. минута на натпреварот.

Но, Фиорентина најпрво со голот на Јовиќ во 85. минута успеа да го израмни резултатот, а потоа Иконе во 88. минута погоди за триумф од 2-1 на тимот од Фиренца.


Се вчитува...