Неверојатен пресврт во НБА-лигата: Шампионот се прокоцка за само седум секунди (ВИДЕО)

НБА-шампионите Голден стејт доживеаја неверојатен пораз во Солт Лејк Сити на мечот на кој во последните десет секунди влегоа со предност од четири поени. За да на крајот Јута слави со 124-123 и спречи да ја прескокнат на табелата во Западната конференција.

Вориорс играа без Стеф Кари, Дрејмонд Грин и Ендрју Вигинс, но и покрај тоа беа во одлична позиција за победа. Имаа предност од 123-119 на десеттина секунди до крајот, но откако противникот на 6,9 секунди дојде со тројка на поен негатива требаше само да ја сочуваат топката до крај, но веднаш по тајм-аутот ја загубија топката и Италијанецот Симоне Фонтекио заби за шокантна предност.

Вориорс низ преостанатите 1,8 секунда до крајот не успеаја преку целиот терен да дојдат до шут за победа.

 

Се вчитува...