Белградски Партизан заработи неверојатни финансиски средства, за балкански услови, со продажбата на еден од најголемите свои таленти, Филип Стевановиќ на Манчестер сити.
„Граѓаните“ го „украдоа“ 18-годишниот Стевановиќ од Манчестер јунајтед, кој исто така беше силно заинтересиран за неговите услуги, за сума од 8,5 милиони евра кој во Манчестер се сели од јануари 2021 година.
Партизан, покрај договорената сума, договори и клаузула од 10% при евентуална идна продажба на Стевановиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА