Неверојатен трилер: Македонија во епски меч до прва победа сезонава во Златната лига

Одбојкарската репрезентација на Македонија ја запиша првата победа во новото издание на Европската Златна лига.

Нашите одбојкари вечерва славеа против домаќинот на вториот турнир Летонија со 3-2, по сетови 18-25, 25-19, 20-25, 25-23 и 25-23.

Петтиот сет ни донесе неверојатна борба во која на крајот подобро се снајдоа нашите избраници за триумф од 25-23.

Утре Македонија ја очекува нов дуел на турнирот во Летонија каде од 17 часот ќе се сретне со репрезентацијата на Грција.

Се вчитува...