Неверојатна неодговорност: Игуаин и Бентанкур го напуштија карантинот на Јувентус

И покрај тоа што Јувентус, согласно одлуките на Владата на Италија, одлучи 14 дена карантин на сите свои фудбалери очигледно на Гонзало Игуаин и Родриго Бентанкур им здодеа животот во самоизолација. Па, и двајцата синоќа со приватен авион некако успеале да избегаат од карантин и да ја напуштат Италија.

На торинскиот аеродром биле запрени од италијанската полиција, откако двајцата покажале сертификат дека се негативни на коронавирусот им било дозволено да ја напуштат земјата. Игуаин и Бентанкур до Аргентина, односно Уругвај, патувале преку Шпанија и Франција.

Сепак италијанската јавност е зачудена поради ваквиот начин на непочитување на самоизолацијата поради фактот дека не е минат периодот на 14 дена. Многумина веруваат дека ваквото неодговорно однесување на овие двајца фудбалери може да повлече барања на многу италијански фудбалери кои во моментов се во самоизолација од клубот да бараат да се вратат во своите домови ширим земјата а познато е дека коронавирусот и тоа како сериозно се рашири меѓу играчите од Серија А.

Се вчитува...