Неверојатна партија на Јута – најголема победа во историјата, продолжува доминацијата на Јокиќ

Денвер славеше против Њу Орлеанс со 114-112 во еден од синоќешните натпревари во НБА лигата, со нова доминантна партија на Никола Јокиќ кој мечот го заврши со 32 поени, седум скока и осум асистенции.

Јута џез одиграа неверојатен меч постигнувајќи 154 поени против Сакраменто декласирајќи го со 105-154. Во победничката екипа предводеше Бојан Богдановиќ со 24 поени.

Одлична ноќ имаше и Никола Вучевиќ кој постигна 26 поени и дополни со 18 скока, во поразот на Чикаго од Њујорк со 113-94.

Бил со 27 поени и Лен со 18 поени и девет скока го предводеа Вашингтон до победа над ЛА Лејкерс од 116-107, додека Феникс славеше против ЛА Клиперс со 109-101, со дабл-дабл ефект на Пол од 28 поени и 10 асистенции.

Батлер со 29 поени Адебајо со 21 поен и 11 асистенции го предводеа Мајами до триумф против Сан Антонио од 116-111. На Сан Антонио не му помогна ниту „трипл-дабл“ учинокот на Мареј кој заврши со 21 поени, 10 скока и 11 асистенции.

Се вчитува...