Неверојатна победа на Сакраменто, по 17 години конечно во плејоф (ВИДЕО)

Кошаркарите на Сакраменто кингс конечно по 17 години обезбедија плејоф откако синоќа славеа против Портланд со неверојатни 40 поени разлика (120-80).

На шест натпревари до крајот на регуларниот дел од сезоната имаат скор од 46 победи и 30 порази со што го потврдија плејофот. Сакраменто последен пат играше во плејофот во сезонава 2005/06, а најзаслужен за успехот е генералниот менаџер Монте Мекнер кој во последните две години состави одличен тим со Тајрис Халибартон и Киган Марин, а преку размени ги донесе и Домантас Сабонис и Кевин Ертер.

До триумфот над Портланд предводеа Монк со 19, Фокс со 18, Ертер со 17 и Сабонис со 15 поени и 12 скока.

ЛА Лејкерс ја продолжува борбата за пласман во плејофот откако со 110-121 го победи Чикаго булс и на шест меча до крајот има скор од по 38 победи и порази. Ентони Дејвис со 38 поени и 10 скока ги предводеше Лејкерси, одека Леброн Џејмс постигна 25 поени.

Милвоки триумфираше над Индијана пејсерс со 149-136 и се зацврсти на лидерската позиција на Истокот. Одличен меч одигра Дру Холидеј кој постигна 51 поен, додека Јанис Адетокумбо заврши со „трипл-дабл“ од 38 поени, 17 скока и 12 асистенции.

Филаделфија славеше против Дслас со 116-108, во меч во кој Ембид постигна 25 поени и имаше девет скока.

Во останатите мечеви Бруклин го победи Хјустон со 123-114, Њујорк го победи Мајами со 101-92, а ЛА Лејкерс победи со Мемфис 132-141.

Се вчитува...