Неверојатна приказна: Второлигаш, за првпат во историјата на УЕФА, ќе игра групна фаза во Европа

Неверојатна фудбалска приказна ни доаѓа оваа година од Европа, поточно од Португалија, каде што тимот на Торензе го освои Купот на Португалија.

Во финалето по продолженија, Торенсе го победи големиот Спортинг со 2-1 и ја испиша историја на клубот.

Ова значи дека Торенсе, како победник на Купот на Португалија, ќе игра во лигашката фаза на Лигата на Европа следната сезона. Oвој мал клуб од Португалија ќе има минимум осум европски натпревари, нешто кое навивачите не го сонувале ниту во најлудите соништа.

Сепак, Торенсе ја испиша и историјата на европските натпреварувања. Имено, тие станаа првиот тим од Втора лига што ќе игра во лигашката фаза на Лигата на Европа, официјално.

Торенсе беше поразен од Каса Пие во плејофот за влез во Првата лига на Португалија, во два натпревари со вкупен резултат од 2-0.

Навивачите сигурно ќе жалат што сезоната не беше зачинета со место во португалската елита, но освојувањето на Купот и настапот во Лигата на Европа е нешто што ќе се памети засекогаш во овој клуб.

Торенсе ќе ги дознае своите противници во лигашката фаза од Лигата на Европа на крајот на август, кога ќе завршат прелиминарните рунди во сите европски натпреварувања.

Се вчитува...