Неверојатна трка во Монца: Прва победа за Французин во Ф1 по 24 години, Хамилтон седми

Пјер Гасли од Алфа Таури славеше на феноменалната трка во Формула 1 која се возеше за Големата награда на Монца. Ова е прва победа за Французин во Ф1, по цели 24 години. Последна победа на еден Французин во Формула 1 беше во 1996 година, кога во Монако триумфираше Оливие Пани со болид на Лижие.

Гасли до крај водеше неизвесна трка со возачот на Мекларен, Карлос Саинц, за да триумфира во финишот.

На почетокот од трката доминираше Луис Хамилтон но потоа следеше вистинската драма на патеката. Најпрво возачот на Ферари, Себастијан Фетел испадна од трката, по што следеше несреќата на Шарл Леклер, која ја прекина трката и веднаш потоа казна доби Хамилтон поради недозволен влез во боксот.

Сето тоа го искористи Гасли за прва позиција, а зад него Саинц но не успеа да го премине. Трет заврши Ленс Строл од Рејсинг поинт.

Луис Хамилтон, и покрај проблемите, успеа да ја заврши трката на седмата позиција со најбрз круг на патеката.

Се вчитува...